Фудбалерите на Арсенал се првите финалисти во годинешното издание на ФА купот. Избранците на Микел Артета спортивно на сите прогнози, со херојска борба, успеаја да го победат Манчестер сити со 2:0 (1:0). Херој на триумфот на Арснеал е Пјер-Емерк Обамејанг кој од три шута кон голот на Едерсон Мораеш постигна два гола.
Арсенал уште еднаш потврдија дека ФА купот е натпреварување во кое се чувствуваат комотно. Во 149 издание на најстарото фудбалско натпреварување во светот „топџиите“ го победија фаворитот и 21 пат во клупската историја ќе играат во мечот за титулата.
Манчестер сити доминираа на „Вембли“, особено во вториот дел кога Арсенал три пати мина на нивната половина, меѓутоа од таквата игра не добија ништо. Не може „граѓаните“ никако да ја пробијат одбраната на Арсенал.
Микел Артета одлично ја постави играта и целосно го надмудри Пеп Гвардиола на кого до пред неколку месеци му беше помошник.
Како ќе се одвивива натпреварот покажа раната фаза кога Обамејанг првата добра шанса не ја претвори во гол. Во ситуација „еден на еден“ тој шутираше право во Едерсон.
Габонецот ја погоди целта во 19 минута кога беспрекорно реагираше по центаршутот на Пепе.
Тотална доминација и иницијата Сити имаа до 71 минута, но приготвија само една чиста шанса. Обидот на Марез брилијантно го одбрани Мартинез.
во 71 минута Пеп задржа една топка на средината од терено, ја врати назад до Тирни кој во контра го исфрли Обамејанг. Напаѓачот на Арсенал погоди низ нозете на Едерсон и го постави конечниот резултат.
Противник на Арсенал во финалето ќе им биде победникот од утрешното полу-финале помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси.