Дејвисон Фигеиредо е новиот УФЦ шампион во категорија до 57 килограми по победата против Џозеф Бенавидеза.
Фигеиредо доминираше во текот на целата борба, уште од 45 секунда го „патосираше“ својот противник и потоа го нападна со гушење. Бенавидеза на двапати успеа да се оттргне, да се врати на нозе.
Сепак, кратко потоа Фигеиредо со кроше го прати на подот, повторно прејде на гушење, по што противникот накратко остана без свест.
Судија на 12 секунди до крајот на рундата ја прекина борбата.
Brutal rear naked choke win!
Your new champion Deiveson
Figueiredo ?#UFCFightIsland2 pic.twitter.com/JmU33ofmSp— Submission Radio (@SubmissionRadio) July 19, 2020