Top Sport

Милан со петарда ја разнесе Болоња на „Сан Сиро“ (видео)

Калчолигашот Милан синоќа со убедливи 5-1 славеше на домашен терен против екипата на Болоња во рамки на 34 коло во Серија А. Со тоа „Росонерите“ направи низа од 8 натпревари без пораз во лигата, по рестартот на сезоната.

Резултатот беше отворен по само 10 минути, Салемекерс погоди за 1-0.

По грешката на голманот на Болоња, Чалханоглу зголеми на 2-0.

Во првиот дел Болоња успеа да се врати во игра, па преку Томијасо намалија на 2-1. Тоа беше се што играчите на Синиша Михајловиќ сторија на овој меч.

Во вториот дел најпрво со прекрасниот погодок на Бенасер Милан зголеми на 3-1, а потоа, стандардно, меѓу стрелците се најде и Хрватот Ребиќ, за 4-1.

Точка на дебаклот на Болоња на „Сан Сиро“ стави Калабрија во 92. минута.

Сега Милан повторно е на шестата позиција на табелата, на позиција која носи во ЛЕ.

Scroll to Top