Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ се уште не донел одлука дали ќе настапи годинава на САД опен, првиот грен слем по продолжението на сезоната која беше прекината поради коронавирусот.
Крис Еверт, легендарната тенисерка која освоила 18 грен слем титули го советува Ѓоковиќ да настапи во „Големото јаболко“. Таа смета дека тоа за него би била сјајна можност да ја зголеми колекцијата признанија и да се приближи до Рафаел Надал кој има 19 пехари и Роџер Федерер кој е рекордер со 20 титули од грен слем турнирите.
„Познато е дека Федерер не доаѓа поради проблемите со коленото, а прашање е дали Надал ќе ризикува повреда, а да не освои титула. Мислам дека тој ќе остане во Европа и ќе се подготвува на земјена подлога. Со оглед на тоа дека Ѓоковиќ брка рекорди, зарем не би било најдобро да ја искористи можноста“ – рекла Крис Еверт која на САД опен има освоено 6 пехари.