Top Sport

Барса со „петарда“ кај Алавез ја заврши сезоната во Ла Лига

Иако екипата на Барселона на мечот против Алавес во последното сезонско коло во Ла Лига отиде со само 16 играчи од кои тројца голмани, сепак пулените на Кике Сетиен предводени од Лео Меси до врв ја наполнија мрежата на домаќинот кој минатото коло го обезбеди опстанокот.

Барса тргна фуриозно уште од самиот старт. 0-1 на семафорот беше во 24 минута. Младиот Фати стрелец на погодокот за водство на гостите.

На вториот погодок се чекаше 10 минути. Во 34. минута на 0-2 зголеми Меси.

Повторно поминаа 10 минути за да има нова промена на резултатот. 0-3 во 44 минута со погодокот на Суарез.

Во вториот дел второпласираната екипа во Ла Лига продолжи во исто темпо.

На 0-4 зголеми Семедо во 57 минута, а „петардата“ во мрежата на голманот Хименез ја пукна повторно Меси, со погодокот во 75 минута.

На крајот на оваа сезона која е неуспешна за Каталонците стигнаа до бројка од 82 бода, со 86 постигнати и 38 примени гола во 38 натпревари.
Екипата на Тотенхем предводена од Жозе Мурињо денеска за едно полуврема ја „реши“ екипата на Лестер во рамки на претпоследното коло во Премиерлигата. „Спарси“ славеа победа со 3-0, а сите три погодоци беа постигнати во првите 45 минути.
Мрежата на Каспер Шмајхел прв ја затресе неговиот соиграч Џастин во 6 минута.
Во 37 минута Лукас асистира, а Хари Кејн носи водство од 2-0.
Истото дуо беше заслужно и за третиот погодок во мрежата на „лисиците“ во 40 минута.
Во вториот дел поседот на топката драстично беше во корист на гостите, упатија и 3 удари во рамките на голот на Уго Лорис, но резултатот остана непроменет.
Со овој неуспех на „лисиците“ им се отвора можност на фудалерите на Манчестер Јунајтед да стигнат до четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампиони. Во моментов Лестер и Јунајтед се изедначени со бодовите, по 62, но „ѓаволите“ својот меч од ова коло на домашен терен против Вест Хем ќе го играат в среда.
Тотенхем, пак, со трите бода се најде на 6-тата позиција, пред Вулверхемптон и е на позиција која води во квалификациите за ЛЕ.

Scroll to Top