Екипата на Тотенхем предводена од Жозе Мурињо денеска за едно полуврема ја „реши“ екипата на Лестер во рамки на претпоследното коло во Премиерлигата. „Спарси“ славеа победа со 3-0, а сите три погодоци беа постигнати во првите 45 минути.
Мрежата на Каспер Шмајхел прв ја затресе неговиот соиграч Џастин во 6 минута.
Во 37 минута Лукас асистира, а Хари Кејн носи водство од 2-0.
Истото дуо беше заслужно и за третиот погодок во мрежата на „лисиците“ во 40 минута.
Во вториот дел поседот на топката драстично беше во корист на гостите, упатија и 3 удари во рамките на голот на Уго Лорис, но резултатот остана непроменет.
Со овој неуспех на „лисиците“ им се отвора можност на фудалерите на Манчестер Јунајтед да стигнат до четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампиони. Во моментов Лестер и Јунајтед се изедначени со бодовите, по 62, но „ѓаволите“ својот меч од ова коло на домашен терен против Вест Хем ќе го играат в среда.
Тотенхем, пак, со трите бода се најде на 6-тата позиција, пред Вулверхемптон и е на позиција која води во квалификациите за ЛЕ.