Top Sport

Унаи Емери се враќа во Ла Лига

Унаи Емери по паузата која ја направи во кариерата, од наредната сезона ќе ѝ се врати на тренерската работа. „Марка“ и „АС“ тврдат дека тренерот кој во декември доби отказ во Арсенал ќе биде новиот предводник на Виљареал.

Според овие извори Емери веќе потпишал договор со Виљареал за наредната сезона. Ова значи дека „жолтата подморница“ ќе го отпушти поранешниот капитен Хави Калјеха под чие водство Виљареал брилијантно ги одигра последните 11 натпревари во Ла Лига.

По ре-стартот на сезоната Виљареал од изгубена позиција стигнаа до петтото место и пласман во Лига Европа.

„Не знам каква е мојата иднина, но мојата совест е чиста. Направив сѐ за да го извлечам најдоброто од овој тим. Поради она што го направивме можам да одам со високо крената глава. Клубот најпрвин треба да разговара со мене, јас имам важечки договор. Клубот треба да ги потврди или демантира овие наводи“, рекол Калјеха.

Инаку Емери како тренер се прослави во Севилја. Со екипата од Андалузија тој три пати по ред ја освојуваше Лига Европа.

Scroll to Top