Top Sport

Левандовски играч на сезоната во Бундеслигата

Фудбалерот на баерн Минхен Роберт Левандовски, во изборот кој го направија неговите колеги за магазинот Кикер е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Во анкетата на Кикер гласале 270 фудбалери, Левандовски добил 42 отсто од гласовите.

Роберт Левендовски зад себе има брилијантна сезона, во Будеслигата постигна 34 гола на исто толку натпревари и по петти пат ја освои титулата за најдобар стрелец во Германија.

Второто место во анкетата му припадна на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а третото на соиграчот на Левандовски, Џошуа Кимих.

Играчите за најдобар тренер го избраа Ханси Флик, иако тој само шест месеци го предводи Баерн. Флик добил 61 отсто од гласовите.

Најдобар голман сезонава, според фудбалерите е Мануел Нојер од Баерн.

Scroll to Top