Top Sport

Сушна фудбалска вечер во ПЛ, два меча, а само еден гол

На двата натпревари од англиската премиерлига што започнаа во 19 часот, постигнат е само еден гол.

Шефилд Јунајтед кој игра одлично сезонава доживеа неочекуван пораз на својот стадион од Евертон. Гостите од Ливерпул славеа со 1-0 благодарение на голот на Рошарлисон во 46 минута.

Со овој пораз Шефилд драстично си ги намали шансите за пласман на 6 позиција која води во квалификациите за Лига Европа.

Евертон со трите бода го помина Саутемптон на табелата и сега е единаесетти.

На вториот меч во истиот термин мрежите мируваа. Брајтон на домашен терен одигра 0-0 со Њукасл.

На овој меч двата тима заедно упатија само 4 удари директно во рамките на головите.

Бодовите не им беа од особено значење на двете екипи.

Брајтон и математички го обезбеди опстанокот, а Њукасл останува 13-ти.

Scroll to Top