Top Sport

Поранешниот првак испадна во Третата лига

Поранешниот шампион на Шпанија и полу-финалист во Лигата на шампионите, Депортиво Ла Коруња, од наредната сезона ќе се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал – Сегунда Б.

Депортиво синоќа не го одигра својот натпревар од последното коло во Сегунда бидејќи седум фудбалери на Фуенлабрада биле позитивни на коронавирусот. Шпанската федерација го откажа натпреварот.

Резултатите на останатите натпревари беа такви што Депортиво и со победа над Фуенлабрада ќе испаднеше од лигата.

Луго и Албасете забележаа победи поради што Понферадина заврши на 18 место, Депортиво има три бода помалку полош меѓусебен скор со овој тим.

Ова значи дека две децении по освојувањето на титулата во Ла Лига, Депортиво ќе игра во Сегунда Б.

Scroll to Top