Top Sport

Инзаги го сака искусниот Жервињо во нападот на Беневенто

Новиот член на Серија А во следната сезона, екипата на Беневенто предводена од клупата од екс-италијанскиот голгетер, Филипо Пипо Инзаги по се изгледа не се откажува од искусен напаѓач.

Откако им пропадна можноста да го ангажираат Марио Манџукиќ, и откако Французинот Лоик Реми не успеа да ги помине лекарските тестови, сега клубот се врти кон ангажман на искусниот Жервињо кој сезонава е член на Парма.

Жервињо е искусен фудбалер, има завидно искуство од настапите на „Чизмата“, 3 години беше во Рома, а ова му е втора сезона на „Енио Тардини“.

Поранешниот играч на Арсенал е врзан со Парма со договор до 2022 година, а сегашниот негов клуб бара отштета од 10 милиони евра. Годишната плата на Жервињо е 1.5 милиони евра.

Scroll to Top