Top Sport

Хумелс ужива на брод во Далмација, чести шампањ од 15 литри (фото)

Германскиот фудбалски ас, Матс Хумелс е еден од повеќето познати спортисти кои ја одбраа Хрватска како дестинација каде да го проведат летниот одмор.

Исто како Мануел Ноер, неговиот колега од Баерн Минхен и од селекцијата на Германија и Хумелс ужива во одморот на хрватскиот брег.

На Инстаграм пред некој ден дефанзивецот беше фотографиран како игра кошарка во село близу Задар, а сега на друштвената мрежа сподели фотографија како ужива на брод и пријателите ги чести со шише шампањ од 15 литри.

„Билд“ пишува дека шампањот чини околу 2.000 евра

Scroll to Top