Top Sport

Борба за Заниоло, и Мурињо го сака во Тотенхем

Јувентус и Интер се заинтересирани за младиот ас на Рома, Николо Заниоло. Но сега се појави опција младиот фудбалер да ја напушти Италија откако во игра влезе и Титенхем, пишуваат италијанските медиуми.

Спарси наводно се подготвени за Заниоло да платат 50 милиони евра, додека пак Рома бара за неговите услуги меѓу 60 и 70 милиони евра.

Заниоло наводно е во немилост на клубот и соиграчите. Се шпекулира дека екипата му свртела грб по несериозниот пристап на мечот со Верона минатата среда.

„Заниоло мора повеќе да му понуди на тимот. Мора да се бори кога е на теренот“ рече тренерот на „волчицата“ Пауло Фонсека.

Јуве веќе две години се обидува да го ангажира младиот италијански фудбалер, додека Интер сака да го врати на „Меаца“ откако пред две години го испратија на „Олимпико“ како замена за Раџа Наинголан.

Scroll to Top