Top Sport

Тим: Видовме среќни деца и заборавивме да бидеме на дистанца

Австрискиот тенисер Доминик Тим во најновото интервју за „СНН“ повторно во одбрана на Новак Ѓоковиќ во врска со обвинувањата дека не смеел да ги организира „Адрија“ турнирите во време на пандемија на коронавирус.

„Тоа не беше фер кон него, затоа што тој не прекрши никаков закон, нити пак нас не тераше било што да правиме. Никого не го тераше да дојде таму, никого не го тераше да се дружи со навивачите. Тоа беше наша одлука“ вели Австриецот.

Тим смета дека сите научиле од своите грешки.

„Очигледно е дека сите погрешија, но тоа се случи одамна и сите кои беа позитивни, се повторно здрави. Видовме среќни навивачи и среќни деца и тогаш како да заборавивме да бидеме на дистанца, да не се фотографираме со нив, да не се прегрнуваме. Сите жалиме за тоа што се случи“ – вели 26-годишниот тенисер.

Scroll to Top