Германецот Ралф рангник долго време беше желба на Милан за тренерската позиција, се беше договорено, бараше засилувања и наеднаш шок.
По сјајната низа од 9 меча без пораз по продолжението на сезоната, Стефано Пиоли доби продолжување на договорот за уште две години.
Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека Милан му понудил на Рангник сепак да дојде на „Сан Сиро“, но на позиција спортски директор.
„Не, благодарам“ бил одговорот на Германецот, пишува „Газета“.
Рангник требаше да има двојна улога кај „Росонерите“ и тренер и спортски директор. Така ќе го истиснеше од клубот легендарниот Паоло Малдини.