Top Sport

Навивачите подготвувале инциденти – Грците го одложија финалето на Купот

Финалниот натпревар во Купот на Грција помеѓу АЕК и Олимпијакос е одложен и не е познато кога ќе се одигра.

Фудбалскиот сојуз на Грција донесе ваква одлука откако полицијата пронашла 18 молотови коктели и 12 дрвени палки во близина на стадионот „Јоргос Камарас“.

Финалето требаше да се одигра в недела, на 26 јули, без присуство на навивачи.

Новиот термин дополнително ќе биде одреден, а медиумите шпекулираат дека ќе биде одигран на „Олимпискиот стадион“ во Атина.

Scroll to Top