Неуспешната прва сезона во Интер, тренерот Антонио Конте ја потврди со киксот против Фиорентина (0:0) во 35 коло.
Со овој резултат Интер падна на третото место на табелата. На три кола до крајот Интер има 73 бода, еден помалку од Аталанта и седум од лидерот Јувентус.
Во ситуација кога не може да се бори за титулата на Конте не му е важно на која позиција ќе заврши неговиот тим, кога веќе има обезбеден пласман во Лигата на шампионите.
„За мене второто место е неважно, тоа е првото место за губитниците. Некои би биле задоволни со второто место, јас не се задоволувам со тоа. Не сакам ниту на моите играчи целта да им биде второто место“, рекол Конте.