Top Sport

Клоп: Ќе славиме со навивачите кога овој по…н вирус ќе помине

Ливерпул синоќа во неверојатен натпревар го совлада Челси со 5:3, го одигра последниот натпревар на „Енфилд“ оваа сезона и ја прослави титулата освоена уште пред еден месец.

Вистинска прослава немаше бидејќи натпреварот се играше пред празни трибини, навивачите ги игнорираа мерките за заштита од коронавирусот и славеа пред стадионот, додека на трибините покрај клупскиот персонал дозвола да присуствуваат на церемонијата добија семејствата на фудбалерите.

За да ја прослават 30 години чеканата титула во Англија со своите навивачи фудбалерите ќе мора да почекаат на некои подобр времиња.

Менаџерот Јирген Клоп од прославата им порача на навивачите дека титулата е за нив.

„Ако не гледата што се направивме за вас, тогаш не можам да ви помогнам. Пред пет години побарав од вас да не се сомневате, туку да верувате во овој тим. Тоа и го направивте, вие направивте да бидеме шампиони. Во благодарам. Сите треба да прославиме. Напијте се што сакате, но бидете спремни за журка кога овој по…н вирус ќе помине. Тогаш ќе можеме да славиме сите заедно, бидете подготвени“, рекол Клоп.

 

Scroll to Top