Top Sport

Емери три години во Виљареал

Она што шпанските медиуми го најавија минатата недела денес доби официјална потврда, Унаи Емери е новиот тренер на Виљареал. Тренерот кој во декември минатата година остана без работа, кога доби отказ во Арсенал, со Виљареал потпишал три годишен договор.

Виљареал во понеделник на медиумите ќе им го претстави новиот тренер. Емери во кариерата работел во Валенсија, Спартак Москва, Севилја, ПСЖ и Арсенал. Најголемите успеси ги постигна со Севилја, со овој тим три пати ја освои Лига Европа.

Ангажманот на Емери претставува изненадување бидејќи Виљареал под водство на поранешниот капитен Хави Каљеха сезоната ја заврши на петтото место. Каљеха на функцијата во Виљареал се задржа 18 месеци.

 

Scroll to Top