Почетокот на регионалната кошаркарска АбА-лига е одложен поради пандемијата што ја предизвика вирусот Ковид-19.
Сезоната која требаше да започне во септември е одложена за две недели и таа ќе стартува на 3 и 4 октомври. Оваа одлука ја донесе Собранието на АБА-лигата.
Сезоната е одложена поради лошата епидемиолошка ситуација во државити од поранешна Југославија.
Порадо коронавирусот сезоната во АБА-лигата беше прекината во март, а два месеци подоцна Собранието реши таа да заврши без да биде прогласен шампион.