Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј-Ар Смит, бил разочаран од начинот на кој ЕСПН ги рангирал НБА кошаркрите кои не се родени во САД.
На врвот на оваа листа е Германецот Дирк Новицки кој ги предводеше Далас во 2011 година до единствената титула во историјата. На второто место е двојниот шампион со Хјустон Хаким Олајџувон.
„Не сакам да испадне дека не го почитувам Дирк, но Хаким да биде втор? Секако, Дирк беше супер-играч, еден од најдобрите во историјата. Но, Хаким?“, рекол Смит.
Во Топ 10 на ЕСПН зад Новицки и Олајџувон се: Патрик Јуинг (роден во Јамајка), Доминик Вилкинс (Американец роден во Франција), Стив Неш (Канада), Јанис Адетокумбо (Грција), Пау Гасол (Шпанија), Тони Паркер (Франција), Ману Џинобили (Аргентина) и Дикембе Мутомбо (Конго).