Top Sport

Парма ќе добие нови газди

Фудбалскиот клуб Парма наскоро ќе добие нов сопственик. Клубот од „Енио Тардини“ ќе го купи богато семејство од Катар. Италијанските медиуми пишуваат дека новите сосптвеници ќе откупат 51 отсто од акциите на клубот, а дека во наредните пет години клубот целосно ќе премина во сосптвеност на семејството од Катар.

Парма некогаш дел од „седумте сестри“ на италијанскиот фудбал (Јувентус, Интер, Милан, Лацио, Рома, Фиорентина) прогласи банкрот во 2015 година поради што заврши во Серија Д, четврта италијанска лига.

Поради банкротот судот во Парма вчера им изрече затворски казни на поранешните челници Томасо Гирарди и Пјетро Леонарди.

Парма за три сезони успеа да се врати во Серија А.

Се очекува дека откако ќе биде извршена трансакцијата нов претседател да стане Ал Хамад Ал Мана. Италијанските медиуми посочуваат дека оваа операција нема никаква врска со семејството на Емирот Тамим бен Хамад во чија сопственост е Пари Сен Жермен.

51 отсто од акциите ќе бидат продадени за 65.000.000 евра, додека преостанатите 49 отсто во раце на семејството ќе преминат во наредните пет години.

По продажбата се очекува актуелните челници да ги задржат клучните позиции во клупската структура.

Scroll to Top