Џанпмбапејеро Гасперини, тренерот на најголемото изненадување сезонава во Серија А и едно го поголемите во фудбалска Европа, Аталанта изјави дека би сакал повредата на Килијан Мбапе да не е од сериозна природа и младиот Французин да може да настапи против неговиот тим во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
„Жал ми е за Мбапе, тој е одлично момче, се надевам дека не е ништо сериозно. Не сакам да победиме поради несреќа на друга екипа. Меѓудругото, ако победиш против такви играчи, тогаш твојот резултат повеќе вреди“ изјави Гасперини за „Скај спорт Италија“.
Колкава пауза го очекува францускиот напаѓач ќе биде познато денеска, по деталните лекарски прегледи.
Аталанта и ПСЖ четвртфиналето од ЛШ го играат на 12 август во Лисабон, Португалија.