Top Sport

Јокиќ пак како плеј против Њу Орлеанс, пораз за Нагетси (видео)

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун го изненади кошаркарскиот свет на мечот против Вашингтон кога ја изведе највисоката постава во историјата на НБА, а сега и против Њу Орлеанс, во подготвителен меч, повторно го стори истото.

Српскиот центар Никола Јокиќ повторно играше како плејмејкер, но „пеликаните“ славеа победа со 119-104.

За 25 минути Јокиќ имаше 11 поени, 10 скока и 8 асистенции со шут од игра 4/10.

Во победничката екипа најефикасен беше Ник Александер Вокер со 21 поен.

Scroll to Top