Top Sport

Пике нема да игра против Валенсија и Челси

Дефанзивецот на Барселона Џерар Пике, поради повреда на коленот, еден месец ќе отсуствува од фудбалските терени.

Поради повредата Пике ќе пропушти два важни натпревари на Барселона, полуфиналниот реванш во Купот против Валенсија и првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против Челси.

Појрај тоа најдобриот дефанзивец на Барселона нема да игра ниту на првенствените дуели со Хетафе, Еибар, Џирона и Лас Палмас.

Пике се повреди во неделата, во финишот на градското дерби со Еспањол (1:1). На овој натпревар тој го постигна израмнувачкиот гол за својот тим.

Scroll to Top