Top Sport

Скај: Куман ќе биде новиот селектор на Холандија

Поранешниот тренер на Евертон, Роналд Куман, денес ќе биде назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, пренесе „Скај“. Куман (54) е без работа од октомври минатата година кога поради лошите резултати доби отказ во Евертон.

Холандија пак нема селектор од ноември кога завршија квалификациите за пласман на Светското првенство, а „лалињата“ не изборија пласман во Русија.

„Скај“ објави дека Куман ќе биде четврти селектор на Холандија откако Луј ван Гал ја напушти репрезентацијата по освојувањето на третото место на Светското првенство во 2014 година.

Тогаш Гус Хидинк го наследи Ван Гал, а птооа селектори беа и Дени Блинд односно Дик Адвокат.

По Мундијалот во 2014 година, Холандија не успеа да се пласира на Европското првенство во 2016 година во Франција.

Куман во периодот од 1982 до 1984 година за Холандија одиграл 78 натпревари, постигнал 14 гола, а во 1988 година беше дел од тимот кој го освои европското првенство во Германија.

Scroll to Top