Францускиот возач на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро (21) повторно е прв на денешната трка за ГН на Шпанија возена во Херес. Французинот и минатиот викенд беше најбрз на патеката во шпанскиот град,
Зад него, со заостанување од 4.495 низ целта помина од Монстер Енерџи, додека трет на целта стигна клупскиот колега на Вињалес, Италијанецот Валентино Роси.
Токму тие двајцата во завршницата се бореа кој ќе стигне до втората позиција затоа што немаа можност да ја загрозат позицијата на првопласираниот Квартараро.
Шампионот Марк Маркез се откажа од настап на оваа трка, иако беше на патеката „Анхел Нието“, по операцијата на скршената десна рака.
? #MotoGP RACE!
UNSTOPPABLE! @FabioQ20 makes it 2 out of 2! ??#AndaluciaGP pic.twitter.com/rJNtK5wHId
— MotoGP™? (@MotoGP) July 26, 2020