Top Sport

„Кралевите“ нема одат во карантин пред дуелот со Сити на „Итихад“

Екипата на Реал Мадрид нема да мора да биде во двонеделен карантин по доаѓањето во Манчестер пред реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, потврдија за „Скај спорт“ од Владата на Велика Британија.

Мечот треба да се одигра на 7 август на „Итихад“, а во ситуацијава, се прави исклучок за „Кралскиот клуб“ иако во Британија задолжителен е карантин од 14 дена за сите патници од Шпанија.

Наводно, веќе постојат упатства кои овозможуваат одржување на некои одредени елитни меѓународни спортски настани. Според нив, предвидено е од правилата за исклучок за задолжителен карантин да има само за поединци кои живеат и работат во контролирани услови.

За потсетување, Манчестер Сити славеше на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот осминафинален меч со 2-1. Реваншот требаше да се одигра на 17 март, ама поради пандемијата на коронавирусот, мечот се одложи.

Scroll to Top