Заврши сезоната во англиската Премиерлига.
Екипата на Манчестер Јунајтед следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони откако денеска пулените на Оле Гунар Солскјер успеаја на „Кинг Пауер“ да слават победа над директниот конкурент, Лестер Сити со 2-0.
По мирното прво полувреме во кое Јунајтед беше екипата која имаше повеќе шанси за почетно водство, во вториот дел домаќинот тргна поофанзивно затоа што нерешениот резултат не им одеше во прилог на „лисиците“.
Варди по една нафрлена топка биеше со глава кон голот на Де Хеа во 60 минута, а таа заврши на местото каде се спојуваат стативата и пречката.
Поофанзивниот Лестер отвори можност за повеќе простор за напаѓачите на „ѓаволите“. На 20-тина метри, во 70 минута одлична топка кон Марсијал, но врз него стартуваа и Морган и Еванс, а судијата Еткинсон покажа на белата точка. Пеналот за 0-1 за Јунајтед го реализираше Фернандеш.
До крајот на мечот Лестер со сите сили тргна кон голот на противникот, но единствено „лисиците“ примија уште еден гол во 97 минута. Шмајхел далеку од својот гол се обиде да дрибла, Лингард украде и го постави конечниот резултат.
Челси славеше дома со Вулфси со 2-0 и си го обезбеди заедно со Јунајтед пласманот во ЛШ идната сезона.
Во борбата за опстанок денеска профитираше Астон Вила. Екипата од Бирмингем одигра 1-1 кај Вест Хем, па со тој бод ги остави зад себе Борнмут и Вотфорд, а екипата од „Вила парк“ и следната сезона ќе остане во елитното друштво.
Иако Борнмут славеше на „Гудисон“ со 3-1 кај Евертон, сепак не успеа да се спаси во ПЛ и се сели во Чемпионшип
Вотфорд пак загуби во Лондон, кај Арсенал со 3-2 и исто така завршува во ПЛ.
Ова се сите денешни резултати – Премиерлига, 38. коло:
Арсенал – Вотфорд 3-2
Барнли – Брајтон 1-2
Челси – Вулверхемптон 2-0
Кристал Палас – Тотенхем 1-1
Евертон – Борнмут 1-3
Лестер – Манчестер Јунајтед 0-2
Манчестер Сити – Норич 5-0
Њукасл – Ливерпул 1-3
Саутемптон – Шефилд Јунајтед 3-1
Вест Хем – Астон Вила 1-1