Брентфорд беше фаворит пред двомечот со Свонси во полуфиналето на плеј-офот за пласман во Премиерлигата наредната сезона, но по денешниот прв меч, поблиску до „Вембли“ е тимот од Велс.
Со голот на Андре Ају, домашните фудбалери сосема заслужено имаат предност од 1-0 по првиот меч. Претходно истиот играч промаши пенал за својот тим.
До тој момент, Брентфорд беше подобриот противник и имаше неколку шанси кои останаа неискористени.
Во 64 минута Бревстер беше срушен во казнетиот простор на гостите.
Ају бие, но голманот фантастично брани.
Само две минути подоцна, нов шок за гостите. Рико Хенри добива директен црвен картон.
Потоа следуваше пад на играта кај Брентфорд, па Ају успеа да се извади за промашениот пенал.
Во второто полуфинале, утревечер од 20.45 Кардиф ќе ја пречека екипата на Фулам.