Top Sport

На Мекгрегор минутата му чини над 40 милиони евра

Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор неодамна се повлече од рингот, но и понатаму е еден од најпопуларните светски спортисти.

Тој паузираше 15 месеци по поразот од Хабиб Нурмагомедов, но се врати во јануари и за само 40 секунди го победи Доналд Керон.

За тие 40 секунди, 32-годишниот Мекгрегор заработи цело богатство.

За борбата добил 25,2 милиони фунти, а за една негова минута во рингот, тој заработил неверојатни 37,8 милиони фунти, што е над 40 милиони евра.

На второ место меѓу најплатените спортски ѕвезди по минута минатата година е боксерот Дионтеј Вајлдер. Тој за 42 минути заработил 36,2 милиони фунти, што би значело дека за една минута заработката му е 862.000 фунти.

Scroll to Top