Извршниот директор на Мерцедес Тото Волф не се согласува дека шампионатот на Формула 1 е здодевен поради неговиот тим. Мерцедес победија на првите три трки во новата сезона, две победи забележа Луис Хамилтон, а една Валтери Ботас.
„Не смееме воопшто да помислите дека титулата е веќе во нашите џебови. Се може многу бргу да се смени. Никогаш нема да победиме доколку помислиме дека шампионатот е решен и дека уште отсега можеме да чекаме да дојде декември. Секако дека делува чудно кога доминира еден тим, тоа сега важи за Мерцедес, но така беше по 201 година со Ред Бул или претходно со Ферари. Но доминантен тим не е виновен за предвидливоста на првенството“, рекол Волф.
Шампионатот во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстон.