Борусија Дортмунд ја одбиле понудата на Манчестер јунајтед од 98 милиони евра за Џејдон Санчо, тврди германскиот „Билд“, но се очекува „ѓаволите“ да не се откажат од главната трансфер-цел ова лето и да дадат нова „подобрена“ понуда.
Откако Јунајтед успеа да се квалификува во Лигата на шампионите во последното коло од Премиер лигата, веднаш се свртеа кон можните летни засилувања, со 20-годишниот Санчо како главна цел.
Според „Билд“, БВБ не планира да го даде Санчо под очекуваната цена од 120 милиони евра и поставиле краен рок до 10 август за комплетирање на договорот, бидејќи потоа почнуваат со летниот тренинг камп во Швајцарија. Дортмунд исто така ги има Џонатан Иконе и Жереми Бога како можни замени за Санчо, кој оваа сезона во 44 настапи имаше 20 гола и 20 аситенции.
Од друга страна „ЕСПН“ тврди дека Санчо веќе ги информирал своите претставници дека сака да направи трансфер на „Олд Трафорд“.