Top Sport

И Луис Хамилтон е „акти-ваксер“?

Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го следеше примерот на тенискиот светски број 1, Новак Ѓоковиќ откако на социјалните мрежи сподели видео со критики кон Бил Гејтс, во кое основачот на „Мајкрософт“ е обвинет дека лаже околу развојот на вакцината за КОВИД-19.

Хамилтон, двапати го сподели видеото на Јутјуб ѕвездата Кинг Бах, во кое Гејтс зборува за развојот на вакцината со порака: „Се сеќавам кога ја кажав првата лага“. Подоцна, по негативните коментари кои ги доби од дел од фановите, двете видеа беа избришани.

Гејтс даде 3.6 милиони долари на јужнокорејската компанија „СК Биосајнс“ за забрзување на проноаѓање на вакцина за КОВИД-19, а во видеото кое е споделено тој ги отфрла обвинувањата дека во вакцината сакада вметне чипови за следење.

Хамилтон претходно беше активен во движењето „Black Lives Matter“, обвинувајќи дел од своите Ф1 ривали дека не ја сфаќаат борбата со расизмот сериозно и објаснувајќи дека Формула 1 е „бел спорт“.

Scroll to Top