Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекувано е прогласен за најдобар менаџер во англискиот фудбал оваа сезона, предводејќи ги „црвените“ до првата лигашка титула по 30 години, по што доби честитки од човекот по кој овој трофеј е именуван, Сер Алекс Фергусон, кој откри дека Германецот му се јавил рано наутро да му каже дека ја освои титулата.
Фергусон, легендарниот поранешен тренер на лутите ривали на Ливерпул, Манчестер јунајтед, му честиташе на Клоп преку видео порака, велејќи дека тој му се јавил рано наутро кога Ливерпул ја освоиле титулата.
„Јирген Клоп, фантастично! Зборувам за Лидс јунајтед кои се враќаат по 16 години во Премиер лигата, за Ливерпул по 30 години со титулата. Неверојатно. Целосно заслужено. Перформансите на твојот тим беа неверојатни, а твојот карактер го одбележа целиот тим. Тоа беше прекрасно. Ти простувам што ме пробуди во три и пол наутро да ми кажеш дека сте ја освоиле лигата“, вели Фергусон.
Клоп му одговори на Фергусон преку ново видео.
„Ги видов имињата кои претходно го освоија овој трофеј, како Бил Шенкли, Боб Пејзли, Џо Фаган, Кени Далглиш. И Сер Алекс Фергусон. Знам дека не е 100 отсто прикладно како менаџер на Ливерпул да го кажам ова, но навистина му се восхитувам. Тој е првиот британски менаџер кој го сретнав. Бевме на доручек многу одамна и не знаев дали се сеќава на тоа, но за мене тоа беше како да сум на состанок со Папата. Горд сум што имам трофеј со неговото име“, вели Клоп.
?”Your personality went right through the whole club and I will forgive you for waking me up at 3:30am to tell me you won the league” ?
Sir Alex Ferguson announcing Jurgen Klopp as the LMA manager of the year pic.twitter.com/ijpXLz6Btw
— Football Daily (@footballdaily) July 27, 2020