Роналд Куман е новиот селектор на холандската фудбалска репрезентација со договор до Светското првенство во 2022 година, доколку се „скрши“ клетвата на настапи на големите натпреварувања на „лалињата“.
54-годишниот славен дефанзивец на Барселона и на „Оранје“ е седмиот тренер во последните осум години за Холандија, кои откако загубија во финалето на СП во 2010 и беа трети во Бразил четири години подоцна, не успеаја да се квалификуваат на СП во Русија. Куман го заменува Дик Адвокат.
Ова е 10. менаџерска позиција во кариерата на Куман, откако беше тренер и на Витесе, Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон.
Како играч тој имаше 78 настапи за портокаловиот дрес и беше дел од славната репрезентација која го освои Европското првенство во 1988 година со Руд Гулит, Франк Рајкард и Марко ван Бастен.
Ronald Koeman en Nico-Jan Hoogma tekenen contract: https://t.co/ONw1r3G7HR #WelkomRonald #WelkomNicoJan pic.twitter.com/yzdXcNYGMQ
— KNVB (@KNVB) February 6, 2018