Top Sport

Уште ваков дрес не сме виделе (видео)

Колумбискиот второлигаш Форталеза ЦЕИФ промовираа три нови дресови со емоџи на нив, во неверојатен обид да ја зголемат комуникацијата со локалните деца.

Според клубот од Богота, со популарните „смајли“ треба да се „комуницира на јазикот на децата“ за тие да се „приближат до клубот“ бидејќи фудбалот треба да е забавен.

„Во Форталеза ќе има фокус на комуникацијата. Разговаравме со момчињата од младинските школи. Има повеќе од 2.000 деца кои тренираат со тимот и се согласивме дека треба да имаме дрес кој ќе ги предизвика. Дресот не е за идиотите и за тие навивачи кои сакаат да се тепаат, туку за нашите нови фанови“, вели Пако Сепеда, портпаролот на клубот.

Scroll to Top