Мајк Тајсон е толку самоуверен пред враќањето во боксерскиот ринг на 12 септември, што во интервју со американскиот водител Џими Фелон порача дека би го „здробил“ Ирецот Конор Мекгрегор.
Боксерските фанови со нетрпение очекуваат да го видат Тајсон во акција откако тој објави дека планира да има низа егзибициски мечеви 15 години по пензионирањето, и сега веќе го закажа првиот меч против поранешниот шампион во повеќе категории, Рој Џонс Јуниор.
Запрашан од Фелон како би се снашол во рингот со легендарни имиња во боксот, имагинарни и вистински, Тајсон тврди дека би ги победил филмските боксери Роки Балбоа и Иван Драго многу лесно, а кога дојде ред на Мекгрегор, тој јасно кажа дека би го „здробил“ и 32-годишниот Мекгрегор, кој стана ѕвезда во УФЦ кафезот, а во единствениот професионален боксерски меч загуби од Флојд Мејведер Јуниор пред три години.
.@MikeTyson vs. Rocky? Mike chooses who would win ? #FallonTonight pic.twitter.com/x1y8rXXD5l
— The Tonight Show (@FallonTonight) July 28, 2020