Фудбалски меч во Мексико завршил со трагедија, откако две фудбалерки загинале по удар на гром, а три други девојки завршиле во болница со сериозни изгореници.
Мечот во предградието на Мексико Сити во понеделникот, бил прекинат по полувремето поради силен дожд, но пет фудбалерки се вратиле на теренот за да ја земат топката, а громот ги погодил кога тие стапнале на тревата. Петте жени веднаш биле однесени во болница, каде што две од нив починале.
Ова е втор ваков случај ова лето, откако во Русија, голманот на нисколигашот Знамја Труда, Антон Заборовски бил погоден од гром по што беше во медицински индуцирана кома две недели, пред да се врати во живот. Тој подоцна го потпиша првиот професионален договор со тимот.
⚡ Rayo mata a dos mujeres cuando jugaban fútbol en Tláhuac https://t.co/Ev1z9Lz8dq #México pic.twitter.com/PVP8KmUDQv
— Diario de Yucatán (@DiariodeYucatan) July 27, 2020