По враќањето на повеќето спортови по пандемијата на корона вирусот, се враќа и една од најконтроверзните ММА атракции, LFC (Lingerie Fighting Championship), спорт во кој се борат жени во октагон во долна облека.
ЛФЦ се враќа на 11 август со разголен хаос како дел од Старџис Бафало чип мотоциклистичкото рели во Старџис, Јужна Дакота, каде што годишно се собираат десетина илјади мотоциклисти.
Во овој спорт обично се борат модели во кафези со само две правила – нема удари во лице и сите натпреварувачки мораат да бидат облечени во провокативна долна облека. Секако, ова предизвика многу контроверзни реакции од луѓе кои сметаат дека се работи за сексистички спорт, но учесничките тврдат дека се работи за обично забавно шоу.
Во ера на корона вирусот ќе мораат да се преземат одредени мерки – натпреварувачките ќе бидат сместени во посебни хотели и ќе пристигнат на мечевите со мотоцикли, а секој присутен ќе добие маска.