Top Sport

Атлетико стигна до 120.000 членови!

„Семејството“ на Атлетико Мадрид продолжува да расне, откако „рохибланкос“ објавија дека сега имаат 120.000 членови.

Вкупно, тимот од „Ванда Метрополитано“ има 56.361 носители на билети и 63.639 членови кои немаат сезонски билети. Достигнувањето е посебно импресивно ако се знае дека доаѓа во период во кој клубот беше во „транзиција“ – имаше забрана за трансфери, се пресели на својот нов стадион напуштајќи го „Висенте Калдерон“ и го смени грбот на клубот.

Дури 45 отсто од членовите на Атлетико се под 30 години, додека најстариот член има 96 години и е член од 1940 година. Најмладиот е пријавен на 2 февруари, иако бебенцето е роден на 1 февруари.

Атлетико исто така потврди дека има листа на чекање за членство во тимот и има повеќе од 11.000 фанови на таа листа.

Scroll to Top