Top Sport

УЕФА потврди дека ќе се игра мечот Сити-Реал

УЕФА објави соопштение во кое се наведува дека осмина-финалниот реванш помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид ќе биде одигран според планираното, без оглед на тоа што еден играч на „кралскиот клуб“ е заразен со коронавирусот.

Реал, во вторникот, потврдија дека напаѓачот Маријано Дијаз е позитивен на новиот вирус.

„УЕФА е во постојан контакт со клубот, ја следиме ситуацијата на двете страни, како и одлуките на надлежните органи во Шпанија“, се наведува во соопштението на УЕФА.

„Уверени сме дека тој случај нема да влијае врз регуларноста на натпреварот и дека одигрувањето на натпреварот нема да биде доведео во прашање“.

Манчестер сити победија во првиот меч во Мадрид со 2:1. Реваншот ќе се одигра на 8 август.

Во Шпанија изминатите денови расте бројот на новозаразени од коронавирусот. Од почетокот на пандемијата во оваа земја со новиот вирус биле заразени 298.000 луѓе.

Scroll to Top