Пари Сен-Жермен плаќа 12 од 13-те најскапи фудбалери во Лига 1, предводени од суперѕвездата Нејмар, кој заработува 3.07 милиони евра месечно, повеќе од двојно повеќе од следниот на листата, велат податоците на францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Зад Нејмар, играчите на ПСЖ ги имаат следните седум позиции – Уругваецот Единсон Кавани заработува 1.54 милиони евра, тинејџерот Килијан Мбапе има 1.5 милиони евра, а капитенот Тијаго Силва заработува 1.33 милиони евра.
Потоа следуваат Анхел ди Марија и Маркињос (по 1.12 милиони евра), Тијаго Мота (875.000 евра) и Хавиер Пасторе (770.000 евра).
Првиот од некој друг клуб е Колумбиецот Радамел Фалкао, кој заработува 750.000 евра, а бидејќи игра во Монако, не плаќа данок на оваа сума! Топ 10 го комплетира Дани Алвеш со 700.000 фунти, а потоа следуваат уште три ѕвезди од „Паркот на принцовите“ – Јулијан Дракслер и Марко Верати со 600.000 евра, а Хатем Бен Арфа е израмнет со 500.000 евра со двајца играчи на Марсеј – Димитри Паје и Луиз Густаво.
На дното на листата се Амиен, каде што просечната месечна плата е 15.000 евра, вклучувајќи три играчи со плата од 2.800 евра. Унаи Емери е најдоброплатен менаџер со 450.000 евра месечно, а Леонардо Жардим во Монако заработува 350.000 евра, а Клаудио Раниери следи со 340.000 евра во Нант.