Српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ во преодниот рок би можел да го направи најголемиот трансфер во кариерата. „АС“ тврди дека за голманот на Еибар сериозно се интересирале од Атлетико Мадрид.
Според овој извор Атлетико се во потрага по голман кој ќе му биде резерва на неприкосновениот Јан Облак. Досегашниот втор голман на „јорганџиите“ Антонио Адан најавил дека ќе го напушти тимот.
Покрај Дмитровиќ Атлетико ги следел и Роберто Хименез од Вест Хем и Жозе Са од Олимпијакос.
Марко Дмитровиќ зад себе има три одлични сезони во дресот на Еибар. Пред да се пресели во тимот од Баскија бранел за Алкоркон, Чарлотн, Ујпешт и Црвена звезда.