Белгискиот голман на Челси, Тибо Куртоа ги зголеми шпекулациите дека може да замине во Реал Мадрид откако во интервју зборуваше за посебната важност на шпанската престолнина бидејќи таму се неговите две деца.
Сепак, Куртоа признава дека преговара за останување на „Стемфорд бриџ“ и покрај неизвесната ситуација во однос на менаџерот Антонио Конте.
„Мојата лична ситуација е поврзана со Мадрид. Знате, моите две деца живеат таму со нивната мајка и морам преку Интернет да зборувам со мојата ќерка. Честопати ми кажува дека ѝ недостасувам, додека синот е премал да комуницира на таков начин. Секогаш кога имам шанса одам во Мадрид, и срцето ми е во Мадрид и тоа се подразбира“, објаснува Куртоа.
Околу тоа ќе биде доволно да се потпише договор со Реал Мадрид, Куртоа кажува јасно.
„Ако Реал се навистина заинтересирани тогаш мојата лична ситуација може да влијае на работите. Семејството е бесценето. Ги сфаќам шпекулациите, но фокусиран сум на Челси. Ако Реал ме сакаат треба да контактираат со Челси, а тоа досега не се случи. Еден ден ќе се вратам во Мадрид, бидејќи го сакам градот. Сепак, сега се чувствувам добро и во Лондон“, додава Куртоа.