По наводите дека Џејдон Санчо би преферирал трансфер од Борусија Дортмунд во Ливерпул, наместо во Манчестер јунајтед поради поголемите шанси за освојување на трофеи, Јирген Клоп признава дека би било прекрасно да се види младиот Англичанец во црвениот дрес.
Санчо е поврзуван со трансфер кај „ѓаволите“ подолго време, но нивната прва понуда од 90 милиони евра за него беше одбиена од Дортмунд, кои очекуваат да добијат 120 милиони евра за 20-годишниот Англичанец.
Клоп во интервју за „Билд“ признава дека би сакал да го види во неговиот тим, но дека таков трансфер ќе биде тешко да се реализира.
„Црвениот дрес би му стоел многу добро, но не верувам дека таков трансфер е возможен оваа сезона. Санчо е многу интересен фудбалер. Ако дојде во Ливерпул сите ќе бидеме изненадени, а јас најмногу“, вели Клоп.