Кристапс Прозингинс еден од носителите на играта на Њујорк Никс поради тешка повреда ја заврши сезоната.
Летонскиот центар на натпреварот проти Милвоки (89:103) ги скинал лигаментите во левото колено.
Процесот на рехаблитиација од баквата повреда трае околу една година што значи дека Порзингинс ја заврши оваа сезона, а во составот на Њујорк ќе се врати дури во 2019 година.
Летонецот паднал ворз ногата на Јани Адетокумбо, а потоа со помош на двајца соиграчи го напушти теренот.
„Тој е повеќе од соиграч, тој е мој брат. Не сакам никого да го видам во такви болки…Требаше да биде Ол стар оваа година. Тој е најважниот дел од нашето семејство“, рекол турскиот центар Енес Кантер.
Оваа сезона 22-годишниот Прозингинс во просек по натпревар постигнува по 22,9 поени.