Еден од најдобрите крилни играчи во НБА лигата грчкиот репрезентативец Јанис Адетокумбо на натпреварот против Њујорк Никс имаше спектакуларно забивање, кое Американците веќе го нарекоа „забивање на годината“.
„Грик Фрик“ како што го нарекуваат Американците во контранапад по додавањето од Крис Мидлтон го прескокна Тим Хардавеј јуниор и ја заби топката во кошот.
Милвоки го доби овој дуел 103:89, а покрај забивањето на Адетокумбо мечот го обележа и тешката повреда на играчот на Њујорк Кристапс Прозингис кој ги скина лигаментита во левото колено поради што ќе паузира една година.