Златан Ибрахимовиќ кој наскоро ќе наполни 39 години синоќа испиша нова страница во фудбалската историја на градот Милано. Поранешниот шведски репрезентативец постигна два гола победата на милан над Сампдорија (4:1) и стана првиот играч во историјата кој постигнал најмалку 50 голови за великаните од Милано, Интер и Милан.
Ибрахимовиќ во дресот на Интер одиграл 88 натпревари, на кои постигнал 57 голови, додека за Милан во кариерата има одиграно 78 натпревари, на кои постигнал 51 гол.
Во свој стил тој по натпреварот го коментирал ова неверојатно достигнување.
„Луѓето говорат дека сум стар и уморен, а јас се уште се загревам. Јас сум како Бенџамин Батон, само што секогаш сум бил млад“, рекол Ибрахимовиќ алудирајќи ја филмскиот јунак кој се родил како старец, па се подмладувал додека не станал бебе.
Zlatan Ibrahimović is the first player to score 50 Serie A goals for both Inter and AC Milan.
?⚫️ 57 goals
⚫️? 51 goals108 for the city in total.#SampdoriaMilan #SempreMilan pic.twitter.com/rddKLgNsUS
— AiScore (@AIScoreOfficial) July 29, 2020