Top Sport

Јувентус против Рома со У-23 тимот

Јувентус како старо-нов шампион на Италија синоќа забележа пораз на Сардинија од Каљари (2:0). Избраниците на Маурицио Сари одигра уште еден лош натпревар и на крајот заслужено беа поразени од расположениот противник.

Сезоната во Серија А фудбаерите на Јувентус ќе ја завршат во сабота против Рома. Можно е Јувентус овој натпревар да го одигра со резервниот состав.

Тренерот Сари сериозно размислувал шанса да им даде на фудбалерите од У-23 тимот, поради заморот кој го чувствувале неговите фудбалери.

„Ние сме единствениот тим во Европа кој во последните 12 дена одиграл пет натпревари. Ќе видеме како ќе се чувствуваме, но доколку биде потребно за да го одморам тимот во последното коло ќе ги ставам играчите од У-23 во тимот“, рекол Сари.

Дуелот од последното коло помеѓу Јувентус и Рома не им значи ништо на двата тима, Јуве ја обезбеди титулата, а Рома обезбеди пласман во Лига Европа.

Scroll to Top